Хиподром

Најдобри казино дестинации во Европа

Некои луѓе ги базираат своите патување и одмори окулу казината. И тука во Европа има сензационални дестинации совршени за нив. Всушност, тоа се навистина можни најдобри казино дестинации во Европа.

Берлин

На прво место, Берлин има неколку казина што вреди да се посетат. Бидете сигурни дека соодветно сте облечени, сите имаат кодекси за облекување. Плоштадот Александарплац е едно од местата каде што сакате да бидете кога сте во Берлин со две софистицирани казина. А најголемо е казиното Спилбанк, со над 300 слот машини. Инаку, Казино Спилбанк, со своите четири престижни локации, е најуспешното казино во Германија. Поставува континуирано нови високи стандарди во индустриската услуга, забавата и што е најважно во одговорното играње казино игри.

Лондон

Казината во Лондон одговараат на сите вкусови и буџети. Најголемото и најпопуларно, а исто така и многу екстравагантно казино во Велика Британија е Хиподром. Има репутација на најелегантно и најпосакувано казино во Лондон и Велика Британија како целина. Отворено е во јули 2012 година. Претходно беше театар, место за циркуси и различни ноќни клубови пред да се трансформира во неверојатно казино.

Отворено е 24/7, со 6 барови, маси за покер, кабаре театар, 2 тераси за пушење и 3 спрата за коцкање. Единствен исклучок кога не е отворено е 25-ти декември, сите казина во Велика Британија се затворени на Божиќ. Казиното е на три нивоа. Во склоп на казиното Хиподром има и неколку спортски обложувалници. На големите екрани се пренесуваат многу спортски настани, скоро се што можете да помислите да гледате. Нема хотели како дел од комплексот. Но, се разбира, ва западниот крај на Лондон, има многу убави опции за сместување.

Најдобри казино дестинации
Казино Хиподром

Првично театар и дом на светски познатиот Talk Of The Town, денес е најчудесното казино и забавно место во Англија.

Всушност, суперзвездата Принс го избрал како локација за својата последна свирка во Велика Британија на неговата турнеја во 2014 година. Оваа локација е едно од најспектакуларните места во Лондон. Ако сте во Лондон на годишен одмор или во кратка посета, тоа е место што мора да го посетите. Покрај тоа, ќе се најдете и во срцето на туристичките атракции и културни/историски локации во Лондон.